мини|десно|300п|Пет галаксии групирани заедно, само 600 милиони години по настанокот на вселената. мини|Галактичкото јато IDCS J1426, оддалечено 10 милијарди светлосни години од Земјата. Има вкупна маса колку 500 трилиони наши сонца. мини|десно|250п|Образување на галактичкото хато MRC 1138-262 (уметничка претстава).

Галактичко јато (или јато галаксии) — склоп сочинет од стотици до илјадници галаксии кои се меѓусебно сврзани под силата на гравитацијата Претставуваат најголемите гравитациски врзани структури во вселената и сè до 1980-тите се сметале за најголемите структури воопшто, пред откривањето на суперјатата. Гледани како целина, обично имаат 1014–1015 Сончеви маси. Една од нивните клучни одлики е внатрејатната средина, која се состои од загреан гас помеѓу галаксиите и температура од 2 до 15 keV, зависно од збирната маса на јатото. Помалите склопови на галаксии се нарекуваат галактички групи. Самите групи и јата можат да бидат групирани заедно, образувајќи суперјата.

Познати галактички јата во релативна близина се Девица, Печка, Херкул и Береникина Коса. Рамнило е главна составница на Големиот Привлекувач, кој претставува посебно голем збир од галаксии, чија маса е толку голема што влијае врз месното ширење на вселената. Позначајни јата во далечната вселена се SPT-CL J0546-5345 и SPT-CL J2106-5844, кои се најмасивните јата настаните во раниот развој на вселената. Во последните децении е утврдено дека тие се битни места на честично забрзување, откриено набљудувајќи ги нетоплинските расеани радиозрачења, како што се радиоореолите и радиоостатоците. Во многу галактички јата се среќаваат и структури како студени предници на ударни бранови, утврдени со рендгенски набљудувања од опсеваторијата „Чандра“.

Основни одлики Галактичкото јато ги има следниве типични одлики:

Опфаќа 100 до 1.000 галаксии, со врел гас кој оддава рендгенски зраци и колеми количества на темна материја Распореденоста на трите составници во јатото е приближно рамномерна. Вкупна маса од 1014 до 1015 Сончеви маси. Пречник од 2 до 10 мегапарсеци. Брзините на поединечните галаксии во него се движат од 800 до 1000 км/с.

Состав Секое галактичко јато има три составни дела: Дел Удел во масата Опис Галаксии 1 % Единствениот оптички видлив дел од јатото Меѓугалактички гас во внатрејатната средина 9 % Плазма меѓу галаксиите при високи температури. Оддава рендгенски зраци по пат на топлинско закочно зрачење Темна материја 90 % Најмасивната составница која не е видлива, туку се изведува преку гравитациските заемодејства

Забележителни јата Јато Белешки Девица Најблиското масивно галактичко јето суперјато Ланијакеја Јатото во чиј состав е нашата галаксија — Млечниот Пат Рамнило Јатото во средиштето на Големиот Привлекувач јато Куршум Спој од јата, каде за првпат е забележано раздвојувањето на темната од обичната материја

Поврзано Ејбелов каталог Галактичка група Метагалаксија Галактички групации и јата Список на Ејблови јата

Наводи

Надворешни врски

Галактички јата — Голема руска енциклопедија Јато галаксии — Енциклопедија Британика

Категорија:Големоразмерна структура на вселената