мини|KOI-74 KOI-74 () — затемнувачка двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед. првичната ѕвезда е од спектрален тип А со температура од 9400 K. Се наоѓа во подрачјето на набљудување на вселенското летало Кеплер и било определено дека во својата орбита има придружник које значително помал и поврел од првичната ѕвезда.
KOI-74b
KOI-74b е жешка компактна ѕвезда во орбита околу KOI-74. Била забележана во 2010 година од стрена на вселенското летало Кеплер и се пројавил интерес за истата поради нејзината мала големина (нејзиниот полупречник е 4,3% од Сончевиот полупречник) и висока температура од 13.000 K . Орбитата на KOI-74b околу матичната ѕвезда изнесува 5,18875 денови. Анализата на релативистичкото засилување на светлината во податоците на Кеплер укажува дека најверојатно станува збор за маломасено бело џуџе со маса од приближно 0,22 сончеви маси, остаток од поранешна фаза на пренос на маса во двојниот систем кога телото поминало низ фазата на џин.
Поврзано KOI-81 Занимливо Кеплерово тело
Наводи
Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот A Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Затемнувачки двојни ѕвезди Категорија:Бели џуџиња 74