WR 135 — променлива Волф-Рајова ѕвезда која се наоѓа на растојание од околу 6000 светлосни години од Земјата во соѕвездието на Лебед, опкружена со слаба меуреста маглина која е развеана од интензивното зрачење и брзиот ветар од ѕвездата. Таа има полупречник трипати поголем од полупречникор на Сонцето, но поради температурата од 63.000 К е 190.000 пати посјајна од Сонцето.
WR 135, заедно со WR 134 и WR 137, е една од трите ѕвезди во соѕвездието Лебед забележани во 1867 година кои имаат невообичаени спектри кои се состојат од интензивни оддавни линии, наместо со нормални непрекинати линии и линии на впивање . Ова беа првите членови на класата на ѕвезди кои се наречени Волф-Рајеови (WR ѕвезди) по Чарлс Волф и Жорж Раје, кои први го забележале нивниот необичен изглед. Таа е член на јаглеродната секвенца на WR ѕвезди, што укажува на недостаток на азотни линии и е потврда за јачината на јаглеродното оддавање. WR 135 има спектар со оддавност C III малку посилна од C IV, што доведува до одредување на спектралниот тип WC8 . Спектарот исто така покажува силниоддавности на He I и послаби линии на He II и C II .
WR 135 е помалку од еден степен подалеку од WR 134 и се верува дека двете ѕвезди се на приближно исто растојание од Земјата во рамките на ѕвезденото здружение Лебед OB3. Двете ѕвезди се наоѓаат во обвивка на водород за која се смета дека бил зафатена од меѓуѕвездената средина кога една или двете ѕвезди биле на главната низа. Обвивката има пречник од повеќе од четириесет парсеци и содржи околу на водород. Не е познато која од двете ѕвезди е причината за создавањето на обвивката.
WR 135 има два поблиски придружници. HD 228235 е ѕвезда со привидна величина 11 на растојание од 53 " а има и ѕвезда со величина 12-та на растојание од 41".
Наводи
Надворешни врски Wolf-Rayet shells showing a spectrum of WR 135 WR134 Ring Nebula with WR 135 visible in the top left corner
Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HD-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Променливи ѕвезди со ознаки Категорија:Волф-Рајеови ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие)