Трилион (од ) — поим кој може да се однесува на два различни броја:
Долга скала (македонска употреба) 1.000.000.000.000.000.000 (милион билиони) или десет на осумнаесетти степен () според долгата скала која се користи во Македонија и разни други земји. Претставува износ милион пати поголем од трилионот на кратката скала (подолу).
Кратка скала 1.000.000.000.000 (милион милиони) или десет на дванаесетти степен () според кратката скала. Претставува износ истоветен на билионот во долгата скала.
Денес кратката скала е сеприсутна во англојазичните земји. Во САД е усвоена многу одамна, преку Франција. Британија пак, официјално се префрлила на оваа скала дури во 1974 г., иако наоѓала примена во техничката литература и новинарството уште од 1950-тите; денес британскиот трилион во долгата скала се јавува поретко.
Поврзано Квадрилион Билион
Наводи
Категорија:Големи броеви