Свети Никола — главна селска и гробјанска црква во селото Трново, Кривопаланечко.

Црквата претставува еднокорабна црква. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Според ктиторскиот натпис, црквата е подигната и живописана во 1505 година, најмногу со залагање на попот Пејо и неговата сопруга Пројка. Сепак, постојат некои истражувања во кои се вели дека црквата била подигната во 1605 година.

Архитектура

Црквата претставува еднокорабна градба со покрив на две води и со полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата е обликувања со средиштен распоред, а горниот дел завршува со полуобликуван свод. Кон западната страна дограден е затворен трем со два влеза, на западната и на јужната страна. Воедно, на јужната страна се наоѓа и отворен трем.

Живопис

Врз основа на стилот на живописот се претпоставува дека е еден век понова. Од уништената група пустиножители зачуван е само ликот на Свети Јоаким Сарандапорски.

Иконостас

Во црквата се евидентирани седум икони.

Галерија

Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кривопаланечко архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Трново (Кривопаланечко) Трново