Бауц-Морганова класификација — систем на класификација на галактичките јата според нивната морфологија разработен во 1970 г. од Лора П. Бауц и Вилијам Вилсон Морган. Ги дели јатата на три типа: I, II и III. Допуштени се и меѓутипови (I-II, II-III). Првочно постоел чевтрти тип, но истиот бил отфрлен пред конечното објавување на трудот.
Класификација тип I — јато во кое главна улога има сјајна суперџиновска елиптична галаксија (тип cD); на пр. Ејбел 2029 и Ејбел 2199. тип II — јато што содржи елиптични галаксии чија сјајност во однос на јатото е меѓу онаа на типот I и типот III. Ваков пример е Береникина Коса тип III — јато без забележителни галаксии, како на пр. Девица. Се дели на тип IIIE и тип IIIS тип IIIE — јато без поголем број на џиновски спирални галаксии тип IIIS — јато со голем број џиновски спирални галаксии Отфрлениот тип IV бил наменет за јата чии најсјајни галаксии се претежно од спирален вид.
Примери Слика Пример Тип 100п Ејбел 2199 I 100п Ејбел S740 I-II 100п Береникина Коса II 100п Ејбел 1689 II-III 100п Девица III IIIS IIIE
Поврзано Класификација на активните галактички јадра Морфолошка класификација на галаксиите Список на Ејбелови јата Класификации на планетите Класификација на ѕвездите
Наводи
Категорија:Системи на класификација *Бауц-Морганова класификација