Свети Архангел Михаил — главна селска црква во селото Клепач. Црквата е сместена во западниот дел од селото.

Историја Од натписна плоча на помошниот објект се забележува дека црковниот трем бил осветен на 10 септември 2005 година.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Над обата влеза има ниши со фрески. Црквата во целост е обоена во бела боја, а покриена е со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со ограда од камени блокови и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и гробен споменик. Камбанаријата се издига од десната страна по влезот во дворот на црквата. Таа има квадратна основа и се состои од три дела. Влезот е сместен од северната страна, а на секоја од четирите страни од најгорниот дел има по една монофора.

Галерија

Поврзано Клепач Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Ивањевска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Клепач Клепач