Вознесение Христово или Свети Спас — главна селска црква во селото Добрушево. Црквата е сместена во северниот дел од селото.
Историја Црквата била изградена во 1860 година. Во текот на Првата светска војна била до темел срушена, по што одново била изградена на старите темели во 1924 година. Повторно била обновена во 1960-тите, а потоа и во 1990-тите со добротворни прилози на иселеници од селото.„Добрушево “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна и осумаголна купола. Влезот е сместен на западната страна, а црквата има спореден влез на јужната страна. Куполата е изградена од лим и на секоја страна има по една монофора.
Дворот на црквата е ограден со ограда од камени блокови и во него се сместени камбанаријата, помошен објект, капела и селските гробишта. Камбанаријата се состои од три дела, од кои долните два имаат квадратна основа, додека најгорниот е со осумаголна основа и на секоја од осумте страни има по една монофора.
Галерија
Поврзано Добрушево Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Добрушевско-дедебалска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Добрушево Добрушево