Свети Никола — главна селска црква во селото Трн. Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажан Свети Никола. Во продолжение на западната страна, пред влезната врата е доградена припрата која е заградена со странични ѕидови. Црквата има и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и над него има празна полукружна ниша. Објектот е изграден од камен и тули, а покриен е со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа и се состои од три дела, така што најдолниот е со најголема, а најгорниот со најмала основа. Влезот во камбанаријата се наоѓа на јужната страна, а во најгорниот дел над него има бифора. Во долниот дел на западната страна има фреска над која е испишан датумот 5 октомври 1939 година.

Галерија

Поврзано Трн Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Могилска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Трн (село) Трн