27 Лебед – подџиновкса ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Таа е слабо видлива со голо око, со привидна ѕвездена величина од 5,38. Растојанието до овој систем, проценето врз основа на неговото поместување од , е 78,1 светлосни години. На тоа растојание, визуелната величината е намалена со апсорпција од 0,05 заради меѓуѕвездена прашина. Се приближува кон Земјата со околусончева радијална брзина од −33 км/с, и има релативно големо сопствено движење, ја поминува небесната сфера со брзина од на година.
27 Лебед е G-тип подџин со ѕвездена класификација G8.5 IVa, ѕвезда кој која го користела своето водородно јадро и почнува да се шири. Перси и др. (1986) пронашле дека малку променлива, ја менува својата визуелна величина дп 0,05 со карактеристична временска скала од 50–60 дена. Понатамошните набљудувања сугерираат можен вртежен период од околу 42 дена. Самус и др. (2017) ја класифицирале како сомнителна променлива ѕвезда типот на RS Ловечки Кучиња, што значи дека таа блиска двоѕвезда чии составници имаат ѕвездени дамки што предизвикуваат вртежно модулирани варијации на сјајноста. И била доделена ознаката за променлива ѕвезда V2008 Лебед.
27 Лебед е на списокот на повеќекратни ѕвезди со три бледи придружници во една лачна минута. Двата поблиски придружници се неповрзани позадински објекти, додека третиот е на слично растојание и просторно движење и е опишан како придружник со заедничко сопствено движење.
Наводи
Категорија:Жолти подџинови Категорија:Променливи ѕвезди од типот на RS Ловечки Кучиња Категорија:Лебед (соѕвездие) Лебед, b1 Лебед, 27 Категорија:Тела од Бонскиот преглед 191026 099031 7689 Лебед, V2008 Категорија:Жолти џинови Категорија:Ѕвезди на хоризонталната гранка Категорија:Двоѕвезди Категорија:2MASS-објекти Лебед, e Лебед, 26 BD+49 3158 190147 098571 7660