Западни Алпи — западниот дел на Алпите кој ги опфаќа југоисточниот дел на Франција (Савоја), сето Монако, северозападна Италија и југозападниот дел на Швајцарија (Вале). На југоисток венецот е ограничен од Паданската Низина во долината на По. На запад, долината на Рона го дели од Централниот Масив. Најсеверниот дел (во најширока смисла) го образуваат Швајцарските Предалпи.

Планинските врвови и превои се повисоки од оние на Источните Алпи, а самиот венец е потесен и позасводен. Највисока планина е Монблан со 4.810 метри.

Поделба мини||лево|200п|Осумте дела на Западните Алпи според италијанското сметање. Според италијанското сметање усвоено во 1926 г., Алпите се делат на Западни, Централни и Источни.Archivio veneto, VV.AA., Deputazione di storia patria per le Venezie, 1971 Според ова традиционално сметање, Западните Алпи почнуваат од седлото Алтаре (или Кадибона) и завршуваат со седлото Ферет.

Западните Алпи се поделени на осум дела:

Приморски Алпи (1), Котиски Алпи (2), Грајски Алпи (3), Провансалски Алпи (4), Дофински Алпи (5), Провансалски Предалпи (6), Дофински Предалпи (7) и Савојски Предалпи (8).

Поврзано Централни Источни Алпи Источни Алпи Географија на Монако Оверњ-Рона-Алпи

Наводи

Надворешни врски

Западните Алпи на SummitPost Западните Алпи на Pakware Западни Алпи — Енциклопедија Британика Западни Алпи — Голема руска енциклопедија

Карти Карти на Западните Алпи — Военогеографски институт на Италија Карти на Западните Алпи — Национален географски институт на Франција Карти на Западните Алпи — Сојузна топографска служба на Швајцарија

Категорија:Планински венци на Алпите Категорија:Планински венци во Франција Категорија:Планински венци во Италија Категорија:Планини во Монако Категорија:Планински венци во Швајцарија Категорија:Географија на Оверњ-Рона-Алпи