мини|250п|Поглед на пристаништето|алт=

Густавија () — гратче и управно седиште на францускиот остров Свети Вартоломеј во Карибите. Населението брои 2.300 жители, а наречено е по шведскиот крал Густав III.

Историја Свети Вартоломеј први го зазеле Французите во 1648 г. Островот е предаден на Шведска во 1784 г. во замена за трговски права во градот Гетеборг, кога воедно е основана Шведската западноиндиска компанија. Prospering during the Наполеоновите војни, assets were low thereafter, and the island was sold back to France in 1878.

Местото на денешното гратче првично го носело француското име Ле Каренаж (Le Carénage - „кобиличница“) по засолништето за поправка на оштетени бродови. Според архивските материјали, Gustavia за првпат се среќава кон крајот на 1786 и почетокот на 1787 година. Денес името е оставнина времето на шведското владеење.

Од средината до крајот на XVII век се изградени три тврдини како заштита за заливот и пристаништето: Оскарова (порано Густав Адолфова), Карлова и Густавова. Крај брегот се наоѓа англиканската црква „Св. Вартоломеј“, изградена во 1855 г.

Збратимени градови Густавија е збратимена со градот Питео во покраината Норботен, Шведска

Знаменитости Популарни знаменитости во и околу гратчето се крајбрежната Карлова тврдина јужно од градот и Густавовата тврдина на север со нејзиниот светилник. На крајот од Густавискиот Полуостров е Оскаровата тврдина, во која е сместена жандармеријата, а понатаму е и музејот. Шведска има свој конзулат.

Клима Островот има тропска саванска клима (Aw) според Кепеновата класификација, со мали температурни разлики низ годината. Поради неговата мала површина (), низ островот струјат благи и пријатни пасати. Водата има просечна температура од , а годината е поделена на две сезони: сува и дождовна. Дождовната настапува од мај до ноември и се одликува со постојана сончевина и кратки врнежнии со траење од 10-15 минути.

Стопанство Во Густавија има неколку ресторани со американска, италијанска, француска и други кујни. Покрај тоа, во гратчето има бројни ексклузивни бутици и луксузен хотел кои ги носат неопходните приходи за островот. Матична валута е еврото.

Образование Гратчето има претшколска установа и основно училиште, обете во надлежност на Академијата на Гваделуп."Liste des ecoles publiques et privees sous contrat." Académie de la Guadeloupe. .

Поврзано Прекуморска заедница Прекуморска Франција Густавија (Риген)

Наводи

Надворешни врски

Заедница Свети Вартоломеј Туристички портал на Свети Вартломеј Густависко пристаниште — мрежно место

Густавија — Википатување

Категорија:Населени места на Свети Вартоломеј Категорија:Главни градови во Карибите Категорија:Појавено во 1785 година Категорија:Населени места основани во 1785 година