Хуан Алберто „Хуанчо“ Ернангомес (роден на 28 септември 1995 година) е шпански кошаркар, крилен центар или крило на Минесота Тимбервулфс и на шпанската репрезентација.
Животопис Тој е син на поранешните кошаркари Гуљелмо Ернангомес Ередеро и Маргарита Гејер. Неговиот постар брат, Гуљелмо, исто така е кошаркар и во моментов игра за Шарлот Хорнетс во НБА. Тој има и помала сестра, Андреа, која исто така се занимава со кошарка.
Технички одлики Стилот на игра на Ернангомес често бил споредуван со оној на два НБА играчи: сонародникот Виктор Клавер и Јонас Јеребко. Неговите најдобри квалитети се брзината, атлетизмот и играта во одбрана. Дуото, тој и неговиот брат, Гуљелмо, во Шпанија е често споредувано со шпанските НБА ѕвезди браќата Марк и Пау Гасол.
Клупска кариера Естудијантес (2012–2016) Во 2012, Ернангомес го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Естудијантес и играл за нивниот втор тим до 2014, кога бил промовиран во главната екипа. Во сезоната 2015–2016, Ернангомес имал 9.7 бода и 5.7 скокови во 34 натпревари. Добрите игри довеле до тоа тој да биде прогласен за добитник на наградата Најдобар млад играч во АЦБ лигата.
Денвер Нагетс (2016–денес) На 26 април 2016 година, Ернангамез бил прогласен во меѓународниот список на кандидати за ран влез на НБА Драфтот 2016. Тој потоа бил избран од Денвер Нагетс како 15-ти пик на драфтот.
Своето деби во НБА лигата со Нагетси го направил на отворањето од сезоната 2015-2016 против Њу Орлеанс Пеликанс, играјќи во последните секунди од натпреварот.
На 14 февруари 2017, Ернангомес постигнал највисоки во НБА кариерата 27 бода во изненадувачката победа на домашен терен со 132-110 над Голден Стејт Вориорс, водачите во Западната конференција и подоцнежни НБА шампиони. На 21 март 2017, тој постигнал 15 бода во натпреварот загубен во последната секунда против Хјустон Рокетс на гости со 125-124; во овој натпревар "Хуанчо" започнал како стартер на позицијата крило заменувајќи го повредениот Данило Галинари. Во својата руки сезона, Ернангомес одиграл 62 натпревари, 9 како стартер, со просек од 4.9 бода и 3 скокови.
На почетокот на следната сезона му била дијагностицирана мононуклеоза, поради што одиграл само 25 натпревари.
Репрезентативна кариера Во 2013, Ернангомес играл за шпанската репрезентација под 18 години на Европското првенство за играчи под 18 години во Латвија. Потоа тој играл за репрезентацијата под 20 години во следните две години, и учествувал на Европското првенство за играчи под 20 години. Добрите игри на Ернангомес му донеле повик во сениорската репрезентација за време на подготовките за Европското првенство 2015.
Ернангомес за првпат бил избран да ја претставува Шпанија на некое големо натпреварување, за време на Европското првенство 2017. На турнирот тој имал просек од 8.4 бода, 5.9 скокови, 0.7 асистенции и 0.7 блокади за 19.7 минути по натпревар. Шпанија го завршила турнирот на третото место, освојувајќи го бронзениот медал.
Во 2019 година, Ернангомес ја претставувал Шпанија на Светското првенство 2019 во Кина. Тој имал просек од 10.5 бода, 5.4 скокови, 0.6 асистенции и 0.4 блокади за 23.1 минути по натпревар. Во финалето против Аргентина кое Шпанија го добила со убедливи 95-75,Шпанија е нов светски првак Нова Македонија освојувајќи го вториот златен медал на Светските првенства во историјата, Шпанија по вторпат светски првак sitel.com.mk Хуан имал учинок од 11 бода, 5 скока, 1 асистенција и 1 блокада но предвреме го завршил натпреварот поради тоа што направил пет лични грешки во последната четвртина.
Титули Репрезентативни Шпанија Светско првенство: Податотека:Gold medal icon.svg 2019.
Статистика на кариерата
НБА Регуларен дел од сезоната
| style="text-align:left;"| 2016 | style="text-align:left;"| Денвер | 62 || 9 || 13.6 || .453 || .411 || .750 || 3.0 || .5 || .5 || .2 || 4.9 |- | style="text-align:left;"| 2017 | style="text-align:left;"| Денвер | 25 || 3 || 11.1 || .387 || .280 || .833 || 2.2 || .5 || .2 || .1 || 3.3 |- | style="text-align:left;"| 2018 | style="text-align:left;"| Денвер | 70 || 25 || 19.4 || .439 || .365 || .767 || 3.8 || .8 || .4 || .3 || 5.8 |- class="sortbottom" | style="text-align:center;" colspan="2"| Кариера | 157 || 37 || 15.8 || .437 || .366 || .764 || 3.2 || .6 || .4 || .2 || 5.1
Playoffs
| style="text-align:left;"| 2019 | style="text-align:left;"| Денвер | 5 || 0 || 2.9 || .333 || .500 || .000 || .6 || .0 || .0 || .0 || .6 |- class="sortbottom" | style="text-align:center;" colspan="2"| Кариера | 5 || 0 || 2.9 || .333 || .500 || .000 || .6 || .0 || .0 || .0 || .6
Наводи
Надворешни врски
Хуан Ернангомес на Eurobasket.com Хуан Ернангомес на fiba.basketball Хуан Ернангомес на RealGM.com Хуан Ернангомес на basketball reference
Категорија:Шпански кошаркари Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Играчи на КК Естудијантес Категорија:Играчи на Денвер Нагетс