Гуан Мое со псевдоним Мо Јен (1955, Гаоми, Кина) - кинески писател, добитник на Нобеловата награда во 2012 година.
Животопис Мо Јен е роден во Гаоми, во провинцијата Чандунг, во 1955 година. За време на детството бил сведок на гладот и сиромаштијата, а за време на кинеската револуција бил принуден да го напушти училиштето и да ја чува стоката. Во 1986 година дипломирал, а пет години подоцна станал магистер по книжевност на универзитетот во Пекинг. Според неговото сведоштво, токму годините исполнети со глад и осаменост го поттикнале да стане писател.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 406.
Творештво Најпознати дела на Мо Јен се: „Жаби“, „Приказни за црвениот сирк“, „Балади за садниците лук во Рајот“, „Смрт на сандаловиот колец“, „Уморен од животот и од смртта“ итн. Во своите епски дела, Јен го опишува животот на кинеските селани во текот на XX век, славејќи ја нивната исконска сила наспроти кротката и „цивилизирана“ конфуцијанска традиција при што се спротивставува на идеализираната слика на селото во кинеската пролетерска книжевност.
Наводи
Категорија:Кинески писатели Категорија:Родени во 1955 година Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Кинески нобеловци Категорија:Живи луѓе