Графички техники и технологии претставуваат материјали, постапки и начини на нивна употреба при печатење и создавање на уметнички дела графика. Карактеристично за овој медиум и начин на изработка на уметничките дела се: најпрво изработката на матрицата, од која цртежот или ликовната постапка се отсликува - втиснува на хартијата или некоја друга подлога. Исто така по правило во оваа техника графичките отпечатоци, благодарение на матрицата можат да се печатат во два и повеќе примероци - тиражи, со што графичкиот отпечаток, како уметничко дело заради својата мултиоригиналност е една од најдемократските и најдостапни уметнички дисциплини. Методот на графичките техники за обработка на матрицата - подлогата може да биде: механички, хемиски и фотохемиски. Според тоа како е изработен и обработен цртежот на матрицата, релјефно, длабинско или рамно, се разликуваат три главни графички методи на печатење: релјефно, длабинско и рамно соодветно.Drucktechnik
Главни графички техники
Главни видови Механички метод Хемиски метод Фотохемиски метод Висок печат Дрворез, Линорез
Длабок печат Бакрорез, Мецотинта, Сува игла Бакропис, Акватинта, Мека превлака, Резерваж, Колаграфија
Рамен печат
Литографија, Хектографија Ситопечат, Фотолитографија
Графички методи Механички метод Овој метод вклучува само рачна изработка и претставува врежување во матрицата која може да е од дрво или метал. Врежувањето се врши со помош на графички алатки - ножеви, игли, длета, шила.
Хемиски метод Хемискиот метод покрај рачната обработка вклучува и хемиски процеси на обработка на матрицата кои се познати како - нагризување или нагризување на металната плоча со киселини.
Фотохемиски метод Овој метод подразбира дејство врз матрицата со помош на светлина и хемиски средстваLes différentes techniques d'estampe.
Техника на висок печат Оваа техника на висок печат е обработка на плочата - матрицата на која што линиите и формите што сакаме да ги втиснеме на хартијата се на површината од матрицата а оние што не треба да бидат отпечатени, втиснати се под површината на матрицата. ДрворезWoodcut in Art. ЛинорезWhat is a Linocut.
Техника на длабок печат Оваа техника подразбира - цртежот што сакаме да го втиснеме на хартијата од матрицата да се врежува во плочата. При печатењето, површината на плочата останува чиста и без боја а врежаните линии и форми се исполнети со боја која потоа се втиснува на хартијата. За графички подлоги, матрици, вообичаено се користат плочи од бакар, цинк, алуминиум, плексиглас. Цртежите се внесуваат на два начина: механички или хемиски. Бакрорезbakrorez МецотинтаMezzotinta Сува игла Бакрописbakropis АкватинтаOfort ja akvatinta Мека превлака Резерваж Колаграфија
Техника на рамен печат Техниката на рамен печат подразбира печатење на цртежот и формите преку рамна плоча. ЛитографијаLes techniques de l'estampe ХектографијаHectographs СитопечатScreen Printing ФотолитографијаWhat is Photolithography
Галерија со примери од графички техники
Наводи
Литература ESTAMPES,TAILLE DOUCE & AUTRES PROCÉDÉS, Claire HÉNAULT, 10, rue de Port-Royal. Chamalieres - 10 Catalogue. l'estampe et le multiple - Creative Commons Attribution-Share Alike 3.0 Unported,2011l'estampe et le multiple. Паригин А. Б. Уметноста на графиката XX век (историја, феноменологија, техники, поими). — СПб, 2010. — 304 с. ил. (рус). —. ISBN 978-5-7937-0490-8.
Надворешни врски Les procédés de gravure Petit lexique des techniques de l'estampe
Категорија:Ликовна уметност Категорија:Графички техники и технологии Категорија:Графика