Врба — македонски филм од 2019 година во режија на Милчо Манчевски, кој е автор и на сценариото. Филмот е снимен во производство на „Банана филм“, продуцент на филмот е Јане Ќортошев, извршен продуцент е Ник Пауел, директор на фотографијата е Тамаш Добош, дизајнер на продукцијата е Дејвид Манс, костимите се дело на Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач, асистент на режијата е Никола Ивановиќ, а директорка на кастингот е Милка Анчевска. Главните улоги ги играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Ратка Радмановиќ, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Гоце Влахов, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова итн.

Содржина Во филмот се раскажува за три млади мајки. Едната приказна се случува во средниот век, а другите две се современи при што трите приказни се надополнуваат. Главната тема во филмот е лојалноста и односот на поединецот кон општеството, како и односот на општеството кон поединецот.„Новиот филм на Манчевски премиерно ќе биде прикажан во Рим“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 16.

Улоги

Глумец Улога Сара Климоска Донка Никола Ристески Милан Наталија Теодосиева Родна Ненад Нацев Бранко Камка Тоциновски Катерина Петар Мирчевски Ставре Благоја Чоревски Манчо Ратка Радмановиќ Баба Сребра Лазе Манасковски Аврам Катина Иванова Цена Кире Ѓоревски Никола Адем Карага Ука Јелена Јованова Мелина Ана Костовска Весна Марија Новак др. Пешева Гоце Влахов Шофер на автобус Симон Манасковски Панчо Стефан Спасов Марко

За филмот Снимањето на филмот почнало на 25 октомври 2018 година во мариовските села Штавица, Дуње и Зовиќ, а потоа снимањето продолжило во околината на манастирот Трескавец и во Преспа, а завршило во втората половина на декември во Скопје. Премиерата на „Врба“ била одржана на 19 октомври 2019 година на четиринаесеттото издание на Филмскиот фестивал во Рим, како прв македонски филм кој влегол во официјалната селекција на овој фестивал.

Награди

Најдобар долгометражен филм - Независен филмски вестивал во Велингтон, 2020 Најдобар наративен долгометражен филм - Синеквест, 2020 Мануел де Оливиера - Фантаспорто, 2020 Најдобар режисер - Рејнденс, 2020 Сребрена Палма - Валенсија, 2020

Наводи

Надворешни врски

Willow IMBD reviews Paying the price of motherhood in flash, blood and grief, by Katerina Kolozova FilmoviPreporuke.com (In Serbian) Cinematographe (In Italian) AsburyMovies.it (In Italian) 'Willow': Film Review - The Hollywood Reporter 'Willow' Review - Cineuropa 'Willow' Review - Variety

Категорија:Македонски филмови од 2010-тите Категорија:Филмови од 2019 година Категорија:Појавено во 2019 година во Македонија Категорија:Филмови на Милчо Манчевски Категорија:Филмови на македонски јазик Категорија:Филмови снимени во Македонија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Македонија Категорија:Филмови со Никола Ристески Категорија:Филмови со Сара Климоска Категорија:Филмови со Наталија Теодосиева Категорија:Филмови со Камка Тоциновски Категорија:Филмови со Ненад Нацев Категорија:Филмови со Петар Мирчевски Категорија:Филмови со Благоја Чоревски Категорија:Филмови со Ратка Радмановиќ Категорија:Филмови со Лазе Манасковск Категорија:Филмови со Катина Иванова Категорија:Филмови со Кире Ѓоревски Категорија:Филмови со Адем Карага Категорија:Филмови со Јелена Јованова Категорија:Македонски филмови