Добро Поле — врв и висорамнина на планината Ниџе, јужна Македонија, на границата со Грција. Лежи на надморска височина од 1.523 м.Добро Поле на GeoNames Во продолжение, преку границата, пределот е заблатен заради неговата зрамнетост.

Поважни населени места во најблиската околина се Градешница, Старавина и Зовиќ (Општина Новаци) во областа Мариово и Баово (Промахи) во Меглен преку границата во Егејска Македонија. Долж неа се наоѓа истоимена погранична караула.

На ова место помеѓу 15 и 18 септември 1918 г. се одиграла Битката кај Добро Поле во рамките на Првата светска војна, каде е направен пробив на Македонскиот фронт од силите на Антантата.

Поврзано Караула Добро Поле Старков Гроб Кајмакчалан

Наводи

Надворешни врски „Кофа со злато за Добро Поле“, Јавно, 31 мај 2018 г. Добро Поле — Peakery Добро Поле — Mapcarta

Категорија:Висорамнини во Македонија Категорија:Врвови во Македонија Категорија:Ниџе Категорија:Македонско-грчка граница Категорија:Мариово Категорија:Општина Новаци Категорија:Меглен Категорија:Македонски фронт (Прва светска војна)