Анка Гиева ( во - во ) — македонска изведувачка на македонски народни песни.
Животопис Гиева е позната како изведувач на македонски народни песни. Била професионално вработена во Македонскиот народен театар, а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ во Скопје. Снимила голем број антологиски песни за потребите на Радио Скопје, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, „Да сум бистра вода“, „Отвори ми бело Ленче“ и др.
Во 2022 година добива „Орден за заслуги“ на Република Македонија од претседателот Стево Пендаровски.
Починала на 7 септември 2024 година во Скопје.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски пејачи