Шкода рапид () – автомобил што го произведува чешката фабрика за автомобили Шкода само за индискиот пазар. Се произведува од 2011 до денес.

Историјат Шкода рапид е семеен автомобил од нижата средна класа што го произведува Шкода Индија, исклучиво за индискиот пазар. Првпат бил прикажан во јавност во октомври 2011 година, а почнал да се продава во ноември истата година Рапид се заснова на платформата PQ25 на групацијата Фолксваген. Заснован е моделот Фолксваген венто изработен во Индија. Многу е сличен на венто, се разликува по предната маска, фаровите, браниците, задните светла и ситни детали во ентериерот и екстериерот. Рапид за индискиот пазар се произведува во градот Пуна.

Според димензиите е позициониран меѓу фабијата и октавијата. Конструиран е на продолжена платформа од моделите фабија и поло. Неговиот дизајн дава изглед на лимузина, но тоа е компакт со пет врати (лифтбек), кој обезбедува капацитет на багажникот од 550 литри. Рапидот ги дели основните елементи на каросеријата и дизајнот на ентериерот со Сеат толедо од четвртата генерација и двата се склопуваат во истата фабрика на Шкода во Млада Болеслав.

И покрај тоа што го дели името со Шкода рапид кој е лансиран во 2012 година за меѓународниот пазар, овие два модели се разликуваат. Меѓународната верзија е поинаков автомобил, незначително поголем, со поинаква надворешност, нов ентериер и различни опции за моторот. Името претходно било користено за модел од 1935 година, како и за моделот од 1984 година.

Мотори

Модел Зафатнина Цилиндри/вентили kW/КС Менувачи НапоменаБензин 1,6 MPI 1598 cm³ l4 4/16 77 kW / 105 КС 5-степен мануелен, 6-степен автоматскиДизел 1,6 TDI 1598 cm³ l4 4/16 77 kW / 105 КС 5-степен мануелен

Наводи

Надворешни врски

Škoda Rapid – Škoda India Review – Top Gear Magazine Autocar – Autocar India

Категорија:Автомобили Категорија:Шкода Категорија:Автомобили од нижата средна класа