Тестенини – смеса од брашно и вода на која понекогаш ѝ се додаваат јајца. Тестенините се обликуваат без процес на ферментација и може да се користат свежи или сушени. Доколку се сушат, истото се врши сè до постигнување на потребната содржина на влага. Основни суровини за производство на тестенини се брашно и вода, а додатни суровини се јајца, млеко, концентрати, разни зеленчуци и зачини.
Кога се сушени, тестенините може долго да се чуваат без промена на нивниот квалитет и особини. Нивната трајност е 1,5 година и повеќе.
Особини Основни особини на тестенините се: мала хигроскопичност која придонесува да се чуваат долго без промена на вкусот, мирисот и употребната вредност, брзо и лесно се приготвуваат за јадење, лесна и голема сварливост.
Поделба Според начинот на производство тестенините се делат на: пресувани – се добиваат со пресување на тестото низ отвор на преса, и во зависност од обликот на отворот се добиваат облиците на тестенините сечени – се добиваат со валање или пресување на тестото при што се добиваат прави ленти, нивно истенчување до саканата дебелина и на крајот сечење во различни облици.
Во зависност од обликот тестенините се делат на: шпагети, кои ако се многу тенки се нарекуваат фиде, макарони резанки
Според должината тестенините се делат на: кратки – до 5 см долги – до 80 см мотани – долги тестенини кои при производството се виткаат во вид на гнездо.
Галерија
Наводи
Надворешни врски