Владовска праисториско населба () — праисториска населба и археолошко наоѓалиште кај селото Владово (Аграс) во Воденско, Егејска Македонија, денес во Грција. Се состои од дела, кои потекнуваат од различни периоди.

Во месноста наречена Тумба Чука се остатоците од населба од доцното бронзено време (1650 / 1600-1100 г. п.н.е.), јужно од патот Воден-Лерин, а западно од Владово.

Североисточно од тумбата, на брегот на реката Вода е откриена значајна гробница од железното време (1000-700 г. п.н.е.). Ископани се 50 гроба со изобилство предмети како накит, оружје, грнчарија и замајци од вретена. Низ местото минува римскиот пат Вија Егнација. Во 1995 г. наоѓалиштето е прогласено за споменик на културата.

Поврзано Селиште — историска населба во околината Владовско Езеро

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Воден (општина)