Војводинска гробница, полн назив: Војводинска македонска гробница () — древномакедонска гробница од втората четвртина на II век п.н.е. недалеку од селото Војводина (Спилија) во Кајларско, Егејска Македонија. Сместена е во полето северно од селото, има дорска фасада и две одаи. Во неа се погребани 8 лица, а заедно со нив се откриени глинени садови и калапи, фигурки, бронзени и бакарни шноли и бронзени монети.
Ископана е во 1986-7 г. и нејзината старост е утврдена според погребните предмети, иако се смета самата гробница веројатно е од IV век п.н.е. според споредбите со други вакви гробници. Заедно со соседната Катраничка гробница, оваа гробница е доказ за големото стратешко значења на оваа област во старовековната историја на Македонија.
Поврзано Катраничка гробница Кутлеш
Наводи
Категорија:Древномакедонски гробници Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Еордеја Категорија:Древномакедонска култура