Трстика (, Акондио; до 1928 г. Τέρστικα, ТерстикаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τέρστικα - Ακόντιον) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција. Од него денес е останата само селската црква „Св. Костантин и Елена“.
Географија Селото се наоѓало 25 км западно од градот Костур, во Костурската Котлина, во северното подножје на планината Гал’мбица.
Историја Во Отоманското Царство Според Георги Константинов Бистрицки Трстика пред Првата балканска војна имала 25 куќи на Македонци муслимани.Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8. Според Тодор Симовски, кој се повикува на Милоевиќ, овие жители прво биле целосно Македонци (под претпоставка, христијани), но подоцна го напуштиле местото во немирни времиња, за подоцна истото да биде населено од муслимани од македонско, албанско, грчко и турско потекло.
Потпаѓање под Грција По Првата балканска војна селото е припоено кон Грција. Во 1920 г. е заведено дека селото имало 144 жители. По нивното принудно иселување, во 1924 г. во Трстика се доведени грчки доселеници од Турција, кои во 1928 г. биле 11 семејства со 40 лица.
Во 1928 г. името на селото е сменето во Акондион, што значи „копје“.
Во 1940 г. во Трстика се попишани 69 жители. Во следниот период, селото значајно настрадало за време на Грчката граѓанска војна. Две деца се испратени надвор од Грција како деца бегалци. Во 1951 г. населението се смалило на 55, а во 1961 г. се накачило на 77 жители. Во 1968 г. селото е напуштено од последните жители, иако во пописот од 1971 г. Трстика сè уште се води со 59 жители. Од сите негови градби, денес единствено постои црквата „Св. Константин и Елена“.
Стопанство Селото било бедно во стопански поглед. Се одгледувале житото, леќата и тутунот, а сточарството било незначително застапено.
Поврзано Костурска Котлина
Наводи
Категорија:Историски села во Костур