Фуша или Фусија ( или Φούσα, Фуса; ; ) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во северното подножје на планината Грамошта, околу 5 км западно од Јановени и исто толку северозападно од Омотско. Лежела крај изворот на една од притоките на реката Белица.

Историја На почетокот на XVIII век Фуша било влашко село в Костурската Каза. Уништено е во времето на Али-паша Јанински и во него потоа се населиле Албанци муслимани. За време на Илинденското востание селото е панаднато од големата чета на Васил Чакаларов кој водел борба со тамошниот башибозук.Дневник на Киряк Шкуртов, во: Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 65. По Втората балканска војна во 1913 г. Фуша е припоена кон Грција.

По Првата светска војна жителите се иселиле и селото се запустило.

За време на Грчката граѓанска војна во 1946 г. во Фуша е изградена воената црква „Св. Атанасиј“, обновена во 1997 г.

Поврзано Фушки Превој — граничен превој кон Албанија

Наводи

Категорија:Историски села во Нестрам Категорија:Грамошта