Основно училиште „Ванчо Николески“ (официјално: Општинско основно училиште „Ванчо Николески“ - Лескоец; скратено: ООУ „Ванчо Николески“) — централно основно училиште во охридското село Лескоец, Општина Охрид.

Училиштето е именувано по македонскиот писател за деца Ванчо Николески.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во склоп на училиштето се следните подрачни училишта: ПУ „Ванчо Николески“ - Косел; ПУ „Ванчо Николески“ - Куратица; и ПУ „Ванчо Николески“ - Ливоишта.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Охрид Лескоец Категорија:Лескоец (Охридско) Категорија:Основни училишта во Македонија