Либаново или Лубаново (, Егинио; до 1926 г. Λιμπάνοβο, ЛибановоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιμπάνοβο -- Αιγίνιον) — гратче во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Пидна-Колиндар во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.153 жители (2011). Сè до 1920-тите Либаново било претежно македонско, а денес е мешано, но со грчко мнозинство.
Географија Гратчето се наоѓа 40 км источно од Бер, 36 км југозападно од Солун и уште толку северно од Катерина.
Историја Црквата „Св. Петар и Павле“ од XIV век и црквата „Св. Атанасиј“ од 1600 г. се прогласени за споменици на културата.
Патувајќи низ овој крај, во 1895 г. Густав Вајганд забележал дека во Либаново се зборувало македонски, но дека имало и Турци. За ова говори и фактот што лазарополскиот големец и добротвор Ѓурчин Кокалески (1775-1863) на муслиманските либановци им изградил џамија. На етничката карта на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Либаново е означено како македонско село, иако не е даден бројот на жители.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902. Селото, како и неколку околни, било македонско иако се наоѓа јужно од реката Бистрица, што по правило треба да е веќе грчки крај.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. Либаново е припоено кон Грција, кога имало 463 жители. На пописот од 1920 г. се заведени дури 852 жители. Во периодот по 1922-23 г. грчките власи во селото населиле вкупно 417 грчки семејства дојдени од Источна Тракија и Бугарија. Меѓу нив, бугарските Грци Кариоти биле дојдени од Кавакли (Тополовград) во Хасковско и Акбунар (Бел Кладенец) во Сливенско.
Во 1926 г. Либаново е преименувано во Егинио. Во 1928 г. е забележано дека, со доселувањата, за кратко време населението речиси тројно се зголемило, достигнувајќи 2.556 жители, од кои 1.810 (околу две третини) биле грчки дојденци.
Во следните десетлетија населението продолжило да расте. Така, во 1940 г. во Либаново се попишани 3.683 жители. Во следните години населбата нараснала уште повеќе, па во 1946 г. е прогласена за градска. Гратчето броело 4.074 во 1951 и 4.271 во 1961 г. Во 1971 г. населението достигнало 4.469 жители, па почнало малку да се смалува, со 4.436 во 1981 и 4.289 во 1991 г.
Денес, Либаново е трето населено место по големина во катеринскиот крај (округот Пиерија), по самиот градот Катерина и гратчето Литохоро. На пописот од 2001 г. во Либаново се заведени 4.280 лица, смалувајќи се на 4.153 жители во 2011 г.
+ Месности во Либаново преименувани со службен указ на 6 август 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Харамилакас Χαραμίλακκας Капнотопос Καπνότοποςвозвишение на Ј од Либаново и на С од Долно Хани (120 м) Топоница или Топиница Τοπίνιτσα Крионери Κρυονέριрека на И од Либаново Бара Μπάρα Лимнула Λιμνούλαблато на ЈИ од Либаново Богаз Μπουγάζι Лемос Λαιμόςблато во делтата на Бистрица на И од Либаново Дамари Νταμάρια Аналипсис Άνάληψιςвозвишение на СЗ од Либаново и на З од Милово Неруја Νερούγια Неротопос Νερότοποςмесност на СИ од Либаново Ќошета Κιοσές Делта Δέλταмесност во делтата на Бистрица на И од Либаново
Население
Стопанство Либаново важи за мошне богато место. Покрај разните градски дејности, населението се занимава со земјоделство и лозарство. Подрачјето му опфаќа .
Надворешни врски
Страницата на Либаново на општинскиот портал на Пидна-Колиндар Новости од Либаново и Северна Пиерија
Наводи
Категорија:Градови во Егејска Македонија Категорија:Пидна-Колиндар