Свети Илија — главна манастирска црква во охридското село Косел.
Црквата се наоѓа на рид над селото.
Историја
Постои верување дека црквата била подигната од страна на некоја жена Илинка, односно ја дала земјата околу црквата.
Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 14 мај 1989 година, а целосно била завршена во 2000 година. Осветувањето на црквата било направено на 1 август 2000 година од страна на митрополитот г. Тимотеј.
Архитектура
Во црквата постои фрескоживопис, кој бил насликан од уметникот Тони Милцов од Охрид.
Поврзано Косел Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Коселска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Косел Косел