Нова Севастија (, Неја Севастија) — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало високо во северозападните разграноци на Богданска Планина (дел на пл. Турава), на 7 км северно од с. Сухо и југозападно од Нигрита.
Историја Селото е основано во 1922 г. од Грци доведени од областа Сивас (Севастија) во Мала Азија. За првпат официјално е заведено како населено место во пописот од 1940 г. со 293 жители. Во пописот од 1951 г. не се споменува бидејќи селото настрадало во Грчката граѓанска војна и населението го напуштило. Нешто подоцна населението се вратило, така што во 1961 г. Нова Севастија имала 325 жители.
Сепак, во текот на тоа десетлетие населението масовно се иселило во градовите поради неповолните услови за живот, па во 1971 г. се свело на само 22 жители. Малку подоцна, во текот на 1970-тите и последните жители си заминале, па селото е отпишано во 1981 г.
Денес од селото е останата единствено црквата „Св. Ѓорѓи“ и училишната зграда, која е обновена.Нова Севастија на порталот на општината Лагадина
Поврзано Богданска Планина
Наводи
Категорија:Историски села во Лагадина