Света Недела — понова селска црква во охридското село Плаќе.
Местоположба
Црквата е изградена пред самото село, од десна страна на патот кој води до него. Таа е изградена стотина метри северно од истоименото археолошко наоѓалиште.
Историја
Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 11 јуни 2000 година. Црквата била завршена следната година и била осветена на 14 јули 2001 година од страна на митрополитот г. Тимотеј.
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна. Била градена со бигор, а апсидата на црквата е полукружна.
Галерија
Поврзано Плаќе Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Коселска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Плаќе Плаќе