„Во осамено место“ (англиски: In lonely place) — американски филм од 1950 година, во режија на Николас Реј. Главните улоги ги толкуваат: Хемфри Богарт, Глорија Греам, Марта Стјуарт, Френк Лавџој итн.РТС, „На усамљеном месту - филм“ (пристапено на 23.11.2019)
Содржина Една вечер, филмскиот сценарист Диксон Стил посетува ноќен клуб во друштво со неговиот агент Мел Липман. Таму, Диксон започнува кавга со темпераментен млад глумец, а потоа ја поминува ноќта со младата Милдред Еткинсон. Диксон е конфликтна личност и одамна нема напишано добро сценарио, додека Милдред е амбициозна млада девојка која има идеја за филмска приказна. Откако Милдред го напушта станот на Диксон, истата ноќ таа е убиена. За убиството е осомничен Диксон, но во негова заштита стапува сосетката Лорел Греј. Истрагата на убиството ја води стариот познаник на Диксон, детективот Бруб Николај, а во меѓувреме Диксон се зближува со Лорел, која му дава инспирација повторно да почне да пишува...РТС, „На усамљеном месту - филм“ (пристапено на 23.11.2019)
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1950 година Категорија:Филмови на Николас Реј Категорија:Филмови со Хемфри Богарт Категорија:Филмови со Глорија Греам Категорија:Филмови со Френк Лавџој Категорија:Филмови со Марта Стјуарт Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Трилери