Методика (од грчките зборови μεϑοδική (τέχνη) methodikḗ (téchnē) „Уметност на планираната постапка“) — во филозофијата на науката е севкупноста од сите научни „патишта“ со кои се стигнува до одредена цел; според ова, методиката е наука за постапките на една наука. Како составна дисциплина на една наука, методиката исто така претставува учење за методите на поучување и настава кои се користат во оваа наука.

Воопштено, поимот “методика” го опишува утврдениот начин на постапување. Поимот “методика” се користи во литературата (особено педагошка) во германското јазично подрачје, а се употребува и во македонското јазично подрачје, особено на наставничките факултети, каде методиката се изучува како еден од предметите кои ги подготвува идните наставници за одржување настава по предметот кој го студираат.

Поврзано

Наставни методи Метод Методика (педагогија) Методика на игра Алгоритам — јасна постапка за решавање на проблем или класа на проблеми.

Категорија:Филозофија на науката