Дроб-сарма – вид јадење со ориз и јагнешки дропчиња. Традиционално, најмногу се спрема за велигденските празници.

Рецепт Се варат 2-3 лажици ориз и се остава истиот да се излади. 2-3 главици кромид ситно се сечкаат и се пропржуваат заедно со 1 кг јагнешки дроб десетина минути. Се додава сол, црн пипер и магдонос. Се трга настрана да се излади и се меша со сварениот ориз и едно јајце. Со овој материјал се полнат јагнешките кошулки и се замотуваат во сарми. Сармите се редат во огноотпорна тава за печење која се полни со вода до половина од висината на сармите. Се пече на 200оС додека испари водата. Две јајца се мешаат со една чаша јогурт и со смесата се потураат сармите. Се пече уште десетина минути.Рецепт за дроб-сарма на семрежното место на Македонска трпеза

Наводи

Категорија:Македонска кујна Категорија:Српска кујна Категорија:Бугарска кујна