Црквиште — кастел од доцноантичкото време. Се наоѓа на 1 километар југозападно од селото Зелениково и 2 километри северозападно од железничката станица „Зелениково“, на височинка што се издига над составот на Зелениковска Река и реката Дартошама. На простор од околу 110 × 55 метри се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал, а околу него остатоци од ѕидови од одбранбен бедем и кули. На неколку места се забележуваат темели од помали градби, а има и темели од голема трикорабна базилика.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Слатина — населба од неолитско време.

Наводи

Категорија:Зелениково