Кочан (Кочен или Кончен; , Концан) — поранешно во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Просечен на Драмскиот Округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до неговото реселување, било населено со Македонци муслимани.
Географија
Селото се наоѓало во јужните падини на планината Боздаг (Мраморица), 2 км над селото Боболец, северозапдно од Драма.
Историја Кочан за првпат се среќава во записник на соколарите од 1477 г. со 21 муслимански соколарски семејства, од кои 7 имале под едно рало земјаСтаринска мерка еднаква на површина која може да се изора од едно рало волови (вид. рало на ДРМЈ), што е од 6,5 до 15 ха, зависно од видот на почвата), 1 бенак (со половина рало или помалку) и 13 неженети.
По припојувањето на селото кон Грција, во 1913 г. селото е заведено како напуштено, но на пописот од 1920 г. Кочан имал 173 жители. Во 1923 г. жителите на селото, како муслимани, се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Познато е дека се населиле околу градот Узунќопру некаде меѓу 1923 и 1934 г. Селото потоа не било обновено.
Поврзано Боболец Боздаг
Наводи
Категорија:Историски села во Просечен