Варош (, Вароси) — традиционално старо маало на градот Воден, Егејска Македонија.

На север се граничи со Паркот на водопадите и градскиот стадион, на југ со улицата „Архијереј Пантелејмон“, на запад со улицата „Капетан Гарофис“, а на исток со крајот на висорамнината на градот.

Маалото се развило во христијанска македонска населба османлиско време на местото на стариот средновековен Горен Град. Варош е единствената дел на градот со зачувана староградска архитектура, дело на месните мајстори и типични претставници на градителството од минатите векови од големо културно-историско значење. Има и градби од византиско и османлиско време. Меѓу познаменитите градби во маалото се Јусмевата, Чамевата и Валасовата куќа, како и неколку цркви.

Во 1966 г. Горниот Град е прогласен за споменик на културата а во 1983 г. овој статус го добил и целиот Варош.

Галерија

Наводи

Поврзано Лагот Парк на водопадите

Надворешни врски

Категорија:Споменици на културата во Воден