Час за децата е филмска адаптација од 1961 година на истоимената драма напишана од Лилиан Хелман. Режирана е од Вилијам Вајлер а глумат Одри Хепберн, Ширли Меклејн и Џејмс Гарнер.
Кратка содржина
Марта Доби (Ширли МекЛејн) и Керен Рајт (Одри Хепберн), кои се запознале кога имале седумнаесет години, поседуваат училиште за девојки. Керен е свршена за Џо (Џејмс Гарнер), доктор, со кого конечно, откако училиштето почнува да прави профит, закажуваат ден за свадба. Но токму тогаш, Марта станува љубоморна. Откако наслушнува низа расправии, едно одмаздољубиво девојче Мери почнува да шири гласини дека двете жени се во афера. Животот на Марта и Керен е уништен, затоа што родителите ги земаат девојките дома, училиштето се затвора, а Џо почнува да се прашува за вистинскиот однос меѓу нив.
Награди и номинации Филмот е номиниран за пет „оскари“ и за три „златни глобуси“ во 1962 година. Наводи
Надворешни врски
Рецензија на After Ellen.com
Категорија:Филмови од 1961 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Одри Хепберн Категорија:Филмови со Ширли Меклејн Категорија:Филмови со Џејмс Гарнер