Биенале на цртеж е конкурс за цртежи и повеќе други категории од уметноста на хартија, каде централен настан е објавувањето на наградите и изложба на селектирани дела.На страницата на Остен Се одржува во парните години и на неа земаат учество уметници од цел свет, а селекцијата и изборот на награди го прави интернационално жири.од Слободна Европа

Основната цела на секое издание на Остен Биенале на цртеж е преку награди и признанија да се поттикне продукцијата на уметноста на хартија, но и на поттикнување на нови, креативни и современи интерпретaции на цртежот со потполна уметничка слобода. За наша основна мисија го сметаме поврзувањето на најголемите уметници во светот со уметниците кои допрва доаѓаат во заеднички настан, истовремено овозможувајќо им на уметниците ширум светот преку јазикот на ументоста своите дела да ги претстават пред пошироката публика, додека делата остануваат во колекцијата на Остен како доказ за состојбата на уметноста во времето кога настанале и на располагање на професиналците за понатамошни истражувања. Делата од уметниците кои учествуваат на Остен Биеналсто на цртеж се основен извор на ажурирање на колекцијата на Остен, која во моментов брои околу 13.000 дела организирани по национални колекции. 

Остен Биеналето на цртеж е манифестација за која секое наредно издание има поголема заинтересираност од претходното, а квалитетот на пристигнатите дела и бројот на учесниците е сè поголем.

Година Гран при за животно дело Награда Светско културно наследство 2009 Јоже Циуха, Словенија Виктор Вазарели, Унгарија 2010 Владимир Величковиќ Пабло Пикасо 2012 Кристо Димитар Аврамовски Пандилов 2014 Марина Абрамовиќ Џоан Миро 2016 Тони Крег Салвадор Дали 2018 Пјер Сулаж Хенри Мур 2020 следува следува

Наводи

Надворешни врски Официјална Фејсбук страница

Категорија:Македонски награди Категорија:Културни манифестации во Македонија