Черушнички манастир или „Успение на пресв. Богородица“ () — манастир во Населичко, Егејска Македонија. Денес ѝ припаѓа на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.
Манастирот е сместен во јужните падини на планината Сињак кај селото Черушница (денес Микрокастро) во општината Горуша на Кожанскиот Округ, денешна Западна Македонија, Грција. Лежи на неколку стотини метри југозападно од селото и на исто толку од брегот на реката Бистрица. Основан е во 1753 г. Манастирската црква е изградена во 1797 г. и има живопис со извонреден квалитет. Во иконостасот е вградена постара икона на Богородица од 1603 г., која се смета за чудотворна.
Во 1993 г. станал женски манстир. Според пописот од 2011 г. во него има 26 калуѓерки.
Поврзано Сињак Шишанско-сачишка епархија
Наводи
Категорија:Цркви во Горуша (општина) Категорија:Манастири во Горуша (општина) Категорија:Цркви во Шишанско-сачишката епархија Категорија:Манастири во Шишанско-сачишката епархија