Супермесечина — полна месечина или млада месечина која скоро се совпаѓа со перигеј - односно најблиското растојание на кое месечината се наоѓа од Земјата во својата елипсовидна орбита - што резултира со малку поголема од вообичаената очигледна големина на месечевиот диск како што е гледано од Земјата. Техничкото име е перигеј-сизигија (на системот Земја-Месечина-Сонце) или целосна (или нова) Месечина околу перигеја. Терминот супермесечина е астролошки по потекло и нема прецизна астрономска дефиниција.
Вистинската поврзаност на Месечината со океанските и корусните плими, довело до тврдења дека феноменот на супермесечина може да биде поврзан со зголемен ризик од настани како земјотреси и вулкански ерупции, но не е пронајдена таква врска.
Спротивниот феномен од супермесечина се нарекува микромесечина, иако овој термин не е толку раширен како супермесечина.
Наводи
Надворешни врски
Lunar Apogee/Perigee Calculator Richard Nolle's definition Richard Nolle's list of supermoon's in the 21st century Full Moon at Perigee (Super Moon): 2001 to 2100 (Fred Espenak) Super Blue Blood Moon 2018 | Check123 1 Minute Video
Категорија:Астрологија Категорија:Месечина Категорија:Астрономски појави