Сломиште или Сломишта (, Стерна; до 1927 г. Σολομίστι, СоломистиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σολομίστι -- Στέρνα) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021).

Географија Селото е сместено околу 8 км северозападно од Лапчишта, на патот за Нестим и Рупишта. На северозапад се граничи со костурското село Ресулјани.

Историја Во Отоманското Царство Од името на селото се гледа дека првично било македонско. На крајот на ХІХ век Сломиште било село во северниот дел на Населичката Каза.

Сломиште е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век, како и од грчката статистика од 1904 г. на конзулатот во Еласона и онаа од 1910 г. издадена во Атина.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Сломиште е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 125 жители, а во 1920 г. имало 120. Во 1927 г. селото е преименувано во Стерна. Во 1928 г. населението се накачило на 145 лица, а во 1940 г. достигнало 163 жители. Во следниот период почнало да опаѓа и неговото население продолжило да се смалува до денес.

Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1913 г. врз темелите на постар храм.

Население

Стопанство Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.

Поврзано Населица

Наводи

Категорија:Горуша (општина)