Черепјани (Черепјан или Черепништа; , Гликокерасиja; до 1927 г. Τσιαραπιανή, ЦјарапјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσιαραπιανή -- Γλυκοκερασιά) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 21 жител (2021). Сè до 1923 г. било населено со Валахади (Грци-муслимани).
Географија Селото е сместено во областа Населица, на 15-тина километри југозападно од гратчето Лапчишта, североисточно од Жупан и 5 км западно од Цотил.
Историја Во Отоманското Царство Од името на селото се гледа дека првично било македонско. На крајот од ХІХ век Черепјани се води како муслиманско гркојазично село во Населичката Каза.
Според Васил К’нчов во 1900 г. во Черепјан (Черепништа) живееле 140 Валахади (Грци-муслимани).Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 273.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона во 1904 г. во селото имало 100 Валахади.Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Печани е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 131 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 98 лица.
Во средината на 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор и на негово место се доведени Грци од Понд. Во 1928 г. Черепјани е заведено како наполно дојденско село со 58 жители (16 семејства). Во 1923 г. дојденците ја изградиле црквата „Св. Никола“, обновена во 1943 г. Во 1927 г. името на селото е сменето во Гликокерасија, што во превод значи „слатка цреша“.
Почнувајќи од 1960-тите населението почнало да опаѓа поради иселување, и продолжило во тој правец до денес.
Во 1987 г. источно од селото е изграден параклисот „Св. Троица“, на местото каде, според преданијата, се наоѓала старата селска црква пред потурчувањето на жителите.
Население
Стопанство Селото произведува од сè по малку, а особено е развиено сточарството.
Поврзано Населица
Наводи
Категорија:Горуша (општина)