Женската ракометна репрезентација на Црна Гора е репрезентација кој ја претставува Црна Гора на меѓународните ракометни натпреварувања во женска конкуренција. Репрезентацијата е под контрола на Ракометниот сојуз на Црна Гора.

Репрезентацијата е формирана во 2006 година, по распадот на Србија и Црна Гора и истата година е примена во ЕХФ и ИХФ. Најголемиот успех на репрезентацијата на Црна Гора е освојувањето на златниот медал на Европското првенство 2012 во Србија, каде во финалето ја победиле најтрофејната репрезентација во женскиот ракомет, Норвешка, по две продолженија. Покрај тоа, Црна Гора има и сребрен медал освоен на Олимписките игри 2012 во Лондон, каде биле поразени во финалето од Норвешка.

Историја Репрезентацијата е формирана во 2006 година, по распадот на Србија и Црна Гора и истата година е примена во ЕХФ и ИХФ. Својот прв натпревар го одигралала во ноември 2006, во Хеб, Чешка, против Бугарија во квалификациите за Светското првенство 2007 во Франција и победила со 32-28.

Првиот пласман на некое натпреварување бил остварен во 2010 година, кога бил изборен пласман на Европското првенство 2010, после пет победи и едно реми во квалификациите. Црна Гора испаднала во втората рунда, заземајќи го третото место во групата; поразени биле од Франција во натпреварот за петтото место, па така на крајот завршиле како шести на својот деби турнир. Најголемите успеси бил остварени под водство на селекторот Драган Аџиќ. На Олимписките игри 2012 освоиле сребрен медал, откако на одличниот турнир за нив биле сопрени дури во финалето од Норвешка; сепак неколку месеци потоа црногорките го освоиле своето прво злато на турнирите, триумфирајќи на Европското првенство 2012, во Србија со победа во финалето токму над Норвешка после две продолженија.

Откако Бојана Поповиќ се опростила од репрезентацијата, следувал резултатски пад; освоено било четвртото место на Европското првенство 2014, а потоа уште една се поразени од Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство 2015. Негативните резултати кулминирале на Олимписките игри 2016, во Рио де Жанеиро, када настапот го завршиле во групната фази со сите пет порази.

На Светското првенство 2017, Црна Гора била поразена во четвртфиналето од подоцнежаниот шампион Франција со 25-22 и завршила на седмото место, што бил најдобар резултат на популарните лавици на Светските првенства. Сепак, тој резултат бил поправен две години подоцна кога Црна Гора завршила на петтото место на Светското првенство 2019 во Јапонија.

Резултати Летни олимписки игри ГодинаМесто+/- 2008Не се квалификувале 20122-ро8413210197+13 201611-то5005107134-27 2020TBD 2024TBDВкупно2/313418317331-14

Светско првенство ГодинаМесто+/– 2007Не се квалификувале 2009Не се квалификувале 201110-то6303162138 +24 201311-то6402156114 +42 20158-мо9513255229 +26 20177-мо7313188181 +7 20195-то9702249233 +16 2021TBDВкупно5/737222131010895+115

Европско првенство ГодинаМесто+/– 2008Не се квалификувале 20106-то7403170169 +1 20121-во 8701215196 +19 20144-то8503199187 +12 201613-то31026370 -7 20189-то6303160160 0 2020TBDВкупно3220012807782+25

Финалиња Олимписки игри 2012

Европско првенство 2012

Играчи Моментален состав Состав за Светското првенство 2019.2019 World Women's Handball Championship squad

Тренер: Пер Јохансон

Тренери Никола Петровиќ (2006-2008) Ѓула Цига (2008–2010) Драган Аџиќ (2010–2017) Пер Јохансон (2017-денес)

Наводи

Надворешни врски Мрежно место РСЦГ Црна Гора на мрежното место на ЕХФ

Црна Гора Категорија:Ракометот во Црна Гора