Бјала () — град на брегот на Црно Море и туристички центар на Бугарија. Речиси сите жители на градот се Македонци, доселени како бегалци од селото Бозец, Ениџевардарско, по грчкото заземање на Егејска Македонија. По податок од 2015 г. населението брои 2.274 жители.Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Градот е основан под името Аспрос во 4 век п.н.е. Спомнат е во османлиски регистар од 1731 г. како Ак Дере. Општината претставува дом на околу 3 400 жители од кои најголемиот број живее во општинскиот центар. Останатите жители живеат во околните населени места - с. Горица, с. Господиново, с. Дјулино, с. Попович и с. Самотино.
Бјала располага со пристаниште, летен театар, етнографски парк и палео-геолошките карпи „Белите Скали“. За љубителите на природниот туризам во близина се плажите на Кара дере и Иракли.
Фестивалот на Бјала се организира на 24 мај, денот на солунските браќа Кирил и Методиј.
Наводи
Поврзано Бјала
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Варна (област) Категорија:Населени места во областа Варна