РК Прилеп 2010 — ракометен клуб од Прилеп, Македонија. Клубот се натпреварува во македонската супер лига.

Историја Клубот во 70те веќе го носел името Прилеп.

Во сезоната 1991/92, во последната сезона во рамките на југословенскиот натпреварувачки систем, Тутунски Комбинат го освоил првото место во Втората сојузна лига.

Тутунски Комбинат Бренд бил вицепрвак во Купот на Македонија во изданијата 2000 и 2001. Но во Купот на Македонија 2002, кога Тутунски Комбинат Бренд бил домаќин на тоа издание, екипата го освоила тоа натпреварување. Таа сезона 2001/02, Тутунски Комбинат се натпреварувал во Купот на Победниците на Куповите. И следната сезона учествувал во третото по ранг европско машко натпреварување. Во сезоната 2003/04, клубот играл во Челенџ Купот, тогашно четврто по квалитет натпреварување. Во овој период, клубот настапувал во Универзалната сала, сега наречена Сонце ГА.

Во сезоната 2007/08, клубот поради спонзорски причини бил преименет во ВИП 2007. А следните две сезони бил наречен РК Златен даб. Во летото 2010 година, поради разделбата со генералниот спонзор - Прилепска пиварница, клубот повторно го сменил името, сега во Прилеп 2010.

Во сезоната 2015/16, Прилеп 2010 завршил на четвртото место во плеј-оф разигувањето од Супер лигата со што обезбедил учество во ЕХФ купот за следната сезона. Во првото коло од ЕХФ купот 2016/17, Прилеп 2010 го загубил двомечот од швајцарскиот клуб Винтертур.

Историја на клупско име 19??-19??: РК Прилеп 19??-20??: РК Тутунски комбинат 2007-2008: РК ВИП 2007 2008-2010: РК Златен даб 2010-....: РК Прилеп 2010

Моментален состав Состав за сезоната 2025–2026

Голмани 12 Иван Ангелески 16 Илчо Ивчески 33 Стефан Христоски

Леви крила 21 Димитар Димитриоски (к)

Десни крила 7 Пеце Рајатоски 26 Денис Шабановиќ

Пивоти 2 Александар Тренчевски 39 Томислав Квастек

Леви бекови 8 Филип Адамчевски 9 Јован Соколоски 38 Никола Цветаноски

Средни бекови 4 Владан Кастратовиќ 13 Ангел Крстески 17 Божидар Илиески

Десни бекови 25 Никола Шипинкоски 34 Марио Столески

Успеси Куп на Македонија : Првак (1): 2002

Втора југословенска лига : Првак (1): 1991/92

Наводи

Надворешни врски РК Прилеп 2010 на службеното мрежно место на Ракометната Федерација на Македонија РК Прилеп (Тутунски Комбинат) на службеното мрежно место на Европската Ракометна Федерација

Прилеп