ГРК Охрид — ракометен клуб од Охрид, Македонија. Клубот се натпреварува во македонската супер лига.
Историја Ракометниот клуб Охрид е основан во 2011 година под името РК Охрид 2011 од страна на локални ракометари, тренери и спортски работници со цел да се возобнови ракометот во градот Охрид.Декада од возобновувањето на Ракометниот клуб Охрид, приказната продолжува! Ohrid News; 4 септември 2021 На својот прв натпревар, во првата лига на Македонија, РК Охрид 2011 забележал победа од 28-23 над Младост 09 на домашен терен, во Билјанини Извори.
Клубот за прв пат заиграл во македонската супер лига во сезоната 2013/14 под името РК Охрид 2013, и во својата премиерна сезона завршил на седмото место во регуларниот дел од сезоната и на второто место во плеј-аут разигрувањето.
Во сезоната 2016/17, РК Охрид 2013 го освоил првото место на табелата во регуларниот дел од супер лигата, а во плеј-оф разигрувањето завршил на третото место, зад Вардар и Металург, со што обезбедил премиерно учество во европските натпреварувања. Во сезоната 2017/18, РК Охрид 2013 премиерно учествувал во ЕХФ Купот. Во првото квалификациско коло ГРК Охрид бил подобар од холандскиот клуб Фолендам,Охрид преку Фолендам до второто коло во ЕХФ Купот! mkd.mk; 3 септември 2017 а во второто коло бил поразен од португалскиот Порто.
Од 2018 година клубот се преименувал во ГРК Охрид (Градски ракометен клуб Охрид). ГРК Охрид- официјална Фан страна Официјална фан страна на ГРК Охрид
Во сезоната 2023/24, ГРК Охрид завршил четврти во плеј-оф разигрувањето од супер лигата со што изборил настап во Европскиот куп за следната сезона, каде што бил поразен во второто коло од романскиот клуб Потаиса Турда.
Моментален состав Состав за сезоната 2025/26
Голмани 1 Градимир Чаневски 12 Бојан Крстевски 30 Бојан Блажевски 56 Кристијан Пилиповиќ 93 Даниел Ѓорѓески Леви крила 3 Гоце Ојлески 8 Христијан Пупунцоски 17 Никола Ристески Десни крила 45 Дарко Ѓукиќ Пивоти 19 Иван Тасески 20 Ориол Реј Моралес 27 Николаос Лиапис 32 Владимир Бојаниќ
Леви бекови 6 Анте Иванковиќ 7 Дејан Кукуловски 14 Илија Трајчески 29 Теимураз Орјоникидѕе 33 Стефан Петриќ Средни бекови 2 Тилен Стрмљан 9 Матео Силјановски 11 Младен Крсманчиќ 23 Ловро Јотиќ Десни бекови 4 Томислав Јагуриновски 10 Предраг Вејин 13 Никола Шипинкоски 21 Давид Савревски
Стручен штаб Позиција Име Главен тренер Борис Ројевиќ Помошник тренер Наум Бабачев Физиотерапевт Љупчо Атанасов Физиотерапевт Димитар Спироски Тренер на голмани Зоран Георгиески Кондиционен тренер Андрија Њаради Спортски директор Славчо Ристески
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место ГРК Охрид на службеното мрежно место на Европската Ракометна Федерација
Охрид Категорија:Спортот во Охрид