Арна Шијак (Скопје}, ) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Животопис Арна Шијак е родена на 30 април 1976 година во Скопје како ќерка на ликовниот уметник Томо Шијак. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот Глумечка игра во 1999 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2010 година.„Арна Шијак “. Македонски народен театар.

Театрографија Луси — „Опера за три гроша“ од Бертолт Брехт, р. Владо Цветановски, Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 1996; Еуфорион — „Фауст“ од Јохан Волвганг вон Гете и Хајнер Милер, р. Ѓорѓи Јолевски, Драмски театар - Скопје, 1997; Ања — „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 1997; Европа — „Среќата е нова идеја во Европа“ од Јордан Плевнеш, р. Владо Цветановски, Драмски театар - Скопје, 1997; Лулу — „Шопинг енд факинг“ од Марк Рејвенхил, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1998; Ќерката — „Песочна сложувалка“ од Јана Добрева, р. Зоја Бузалковска, МНТ, 1999; Вендела Бергман — „Будење на пролетта 2000“ од Франк Ведекинг, р. Златко Славенски, МНТ, 2000; Елена — „Дипломец“ од Чарлс Веб, р. Синиша Евтимов, МНТ, 2004; д-р Бренон, Келнерката — „Темпирана опера“ според „Опера за три гроша“ и „Пеколен портокал“, р. Васил Христов, МНТ, 2010; Марија — „Така било пишано“ од Сашко Насев, р. Синиша Евтимов, МНТ, 2010; Марија Тимофеевна Лебедјаткина — „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Златко Славенски, МНТ, 2011; „Копнеж по целина“ од Матеја Матевски, р. Ристо Алексовски, МНТ, 2011; Глас — „Психоза 4.48“ од Сара Кејн, р. Ѓорѓи Јолевски, МНТ и Театар „Квартет“, 2011; Лисицата — „Декамерон“ од Џовани Бокачо, р. Боњо Лунгов, МНТ и Театар за деца и младинци - Скопје, 2012; „Животот е сон“ од Педро де ла Барка Калдерон, р. Владо Цветановски, МНТ, 2012; Албин, витез Де Ла Тремуј — „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013; Хинг Гиу Миу — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013; Шарлота Корде — „Аферата Елсинор“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2014; Самовилата Берилин, Сосетката Берленго — „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ, 2014; Телохранител на Клитемнестра, Негувателка на Електра и Орест (Електра, 2014), автори: Есхил, Софокле, Еврипид и Жан-Пол Сартр, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар; Велма Кели — „Чикаго“ од Фред Еб и Боб Фос, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015; Клеопатра Максимовна (Животот е перкрасен, 2015), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар; „Викај ги среќа“, р. Златко Славенски, 2016; Мајката — „Соларис“ од Станислав Лем, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2016; Глумицата — „Говорна мана“ од Горан Марковиќ, р. Драгана Милошевска-Попова, МНТ, 2017; Тања — „МАММА МИА!“ од Кетрин Џонсон по приказната на Џуди Крејмер, р. Наташа Поплавска, МНТ и Проспот (Словенија), 2017; Глумицата — „Без галама“ од Мајкл Фрејн, р. Тони Михајловски, МНТ и Брачна игра, 2018.

Филмографија Ремза — „Џипси меџик“, р. Столе Попов, 1997; Цветанка — „Ноќ спроти Свети Василиј“, р. Иван Митевски, 2001; „Како лош сон“, р. Антонио Митриќески, 2003; „Самитот на шаманите“, р. Александар Станкоски, 2006; Девојката со сребрена коса — „Тајната книга“, р. Владо Цветановски, 2006; Нада — „Состојба на шок“, р. Андреј Коша, 2010; Гласот на Милица - "Снежана на крајот умира", р. Кристија Ристески, 2022.

Телевизиски серии Болната чеченска жена — „12 мајмуни“, 2015.

Проекти Глас во анимираниот сатиричен филм „Еднооки“; Вокалист во Дарк-кабаре бендот „Еуропиа циркус“.

Награди Награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад глумец на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 1997 година, за улогата на ликот Европа во претставата „Среќата е нова идеја во Европа“.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци Категорија:Македонски Срби Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Луѓе со потекло од Косово Поле