Света Петка — манастирска црква на Велгошкиот манастир „Св. Петка“ во охридското село Велгошти.
Местоположба
Црквата е сместена над селото Велгошти, на патот кон другиот селски манастир „Св. Илија“. Изградена е на ридот Олмец.
Историја
Под сегашнава градба на црквата се пронајдени остатоци од малтер на пештерска црква.
Црквата била изградена пред крајот на турската власт.
На средната страна од надворешниот ѕид на петостраната апсида е забележано следново:
Била проширена во 1922 година.
Легенда
Легендата за изградбата на црквата вели дека селаните најпрвин решиле да ја градат црквата посветена на Света Петка на различна локација од денешната, но Света Петка две ноќи по ред го рушела сработеното. Третиот ден, мештаните поставиле стража и дознале дека Света Петка го руши сработеното бидејќи истата сакала да биде подигната на денешната положба.
Архитектура
Црквата била градена од камен. Нејзините димензии се 8 метри должина, 3 метри ширина и 6 метри височина. Претставува едноброда базилика со две куполи.
Иконостас
Поседува иконостас, кој е нов, но поседува икони кои се заштитени од страна на Управата за заштита на културното наследство, меѓу кои се вбројува Богородица со Христос.
Галерија
Поврзано Велгошти Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Велгошка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Велгошти Велгошти Категорија:Велгошки манастир „Св. Петка“