РК Аеродром — ракометен клуб од Скопје, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата лига.
Историја Клубот бил основан и регистриран во 2000 година како РК Олимпик Аеродром и истиот се натпреварувал во Првата женска македонска лига, а потоа и во Супер лигата. Во 2012 година клубот бил предаден во сопствеништво на Горан Стојков и Дарко Петровски и бил преименуван како Ракометен клуб Аеродром. Во овој период клубот раководел со младински екипи.
Во сезоната 2018/19, клубот пријавил сениорска екипа во Првата машка лига под спонзорското име ЦЕМС 2018. Но на крајот на септември 2018 година, спонзорот ЦЕМС се повлекол и клубот оттогаш настапувал под оригиналното име - Аеродром.
Во сезоната 2021/22, Аеродром завршил шестопласиран во Првата лига и обезбедил бараж натпревар против Скопје 2020 за пласман во Супер лигата, но натпреварот го загубил по изведување на пенали.Скопје го доби драматичниот пенал рулет со Аеродром и ќе продолжи во Суперлигата! gol.mk; 3 јуни 2022 Следната сезона, клубот завршил второпласиран во Првата лига и за прв пат во својата историја изборил пласман во Супер лигата.РК Аеродром нов член на Супер лигата ekipa.mk; 25 мај 2023
Во премиерната сезона во Супер лигата (2023-24), Аеродром не ја исполнил законската обврска за трансформација од здружение во акционерско друштво, и на почетокот на вториот дел од сезоната бил исфрлен од Супер лигата.РФМ: РК Аеродром повеќе нема право да настапува во Супер лигата Слободен печат; 15 февруари 2024
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на РК Аеродром
Аеродром