мини|Исус Христос суперстар Елиман и Нили 1973 Исус Христос суперстар (англиски: Jesus Christ Superstar) – американски филм од 1973 година, во режија на Норман Џуисон (Norman Jewison), а автор на музиката е Ендрју Лојд Вебер (Andrew Lloyd Webber). Главните улоги ги играт: Тед Нили (Ted Neeley), Карл Андерсон (Carl Anderson), Ивон Елиман (Yvonne Elliman) и Бери Денен (Barry Dennen). Филмот претставува адаптација на истоимената бродвејска рок-опера на Ендрју Лојд Вебер и Тим Рајс. Во него се прикажува психолошкиот профил на Исус Христос, но на современ начин при што облеката на главните ликови е современа (во хипи-стил), а меѓу сценските реквизити се пушките и автомобилите. Филмот е снимен во Израел, во духот на рок-музиката и со современа кореографија, поради што по неговото снимање доживеал бројни критики.Isus Krist Superstar, američki film (пристапено на 24.12.2019)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива за време на последните седум дена на Исус Христос пред неговото распнување на крстот.Isus Krist Superstar, američki film (пристапено на 24.12.2019)

Наводи

Категорија: Мјузикли Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови од 1973 година Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Филмови на Норман Џуисон Категорија: Филмови со Тед Нили Категорија: Филмови со Карл Андерсон Категорија: Филмови со Бери Денен Категорија: Филмови со Ивон Елиман Категорија: Филмови за Исус Христос Категорија: Филмови снимени во Израел Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во Израел