мини|300п|UTC+13:00: сино (декември), портокалово (јуни), жолто (цела година), светлосино (морски области)
UTC+13:00 — назнака на временско отстапување за тринаесет часа понапред (+13) од UTC.
Како стандардно време (цела година) Океанија
Феникс
Токелау – Време во Токелау
Како стандардно време (зима на Јужна Полутопка) Океанија – Време во Самоа
Како летно време (лето на Јужна Полутопка)
Поголеми градови: Окленд, Сува
Океанија
(освен Чатем) – Време во Нов Зеланд
Антарктик
некои бази наАнтарктикот, особено Јужниот Пол и станицата Мекмардо. Овие места се првите во светот што гледаат сонце на Нова година, бидејќи сонцето е на полноќ во тоа време од годината.
Историја
Република Кирибати ја вовела промената на својата источна половина на 31 декември 1994 година, од часовните појаси UTC−11:00 и UTC−10:00 на UTC+13:00 и UTC+14:00, за да избегне државата да биде поделена од Меѓународната датумска граница.
Тонга била на UTC+13:00 повеќе години. Летното сметање на времето било користена во летните месеци на јужната полутопка од октомври 1999 до јануари 2002 година и од ноември 2016 до јануари 2017 година.Clock Changes in Nukualofa, Tonga
UTC+13:00 се користело до 2009 година како летно време (лето во северната полутопка) во делови од крајниот исток на Русија (Чукотка и Камчатка), кое било познато како Камчатско време.
На крајот на 29 декември 2011 година (UTC−10:00), Самоа го усвоила стандардното време од UTC−11:00 на UTC+13:00 (и своето летно време од UTC−10:00 на UTC+14:00), со што ја преминала меѓународната датумска граница на другата страна. По одлуката на Самоа, Токелау исто така истовремено го променило своето стандардно време (кое го користело без летно време), од UTC−11:00 на UTC+13:00.
Поврзано Време во Нов Зеланд Време во Русија Време во Самоа
Наводи
Категорија:Часовни појаси